Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Лајчак најави посета на Белград, но не прецизираше датум

9 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека по минатонеделната посета на Приштина, ќе го посети Белград во рамките на подготовките за следниот состанок за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, но не прецизираше точен датум.

„Следно, одам во Србија во рамките на подготовките за следниот состанок во дијалогот за нормализација на односите“, напиша Лајчак во редовниот неделен пост на Фејсбук.

Во Приштина, Лајчак разговараше со првиот заменик-премиер, Бесник Бислими, за тековните случувања, агендата за следниот состанок на главните преговарачи и пристапите за решавање на актуелни прашања.

Лајчак, исто така, учествуваше на Стратешкиот форум на Блед, каде што лидерите од цела Европа дискутираа за глобалните предизвици и иднината на Западен Балкан во Европската Унија. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ