Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Криумчари фрлиле мигранти во море во близина на грчкиот остров Самос-еден загинат

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека со помош на нивната камера за копнен мониторинг бил лоциран глисер со мигранти што се движел кон северозападниот брег на Самос, по што интервенирал патролен брод и со звучни и визуелни сигнали се обидел да го запре, но глисерот побегнал и следела потера при која лицето кое управувало, со опасни маневри ги ставил во опасност припадниците на крајбрежната служба.

Следеле предупредувачки истрели од патролниот брод што резултирале со запирање на глисерот и апсење на две лица.

Паралелно, на копно биле откриени 27 странски државјани кои двајцата криумчари ги фрлиле во морето пред потера, а самите успеале да стигнат до брегот на Самос и се во добра здравствена состојба.

Спасените изјавиле дека во морето останале уште неколку лица и започнала акција за пронаоѓање со учество на два глисери на грчката армија, брод на крајбрежната стража како и чамец на Грчкиот спасувачки тим од Самос.

По опсежна потрага, во морето биле пронајдени три лица и извлечено безживотното тело на еден маж.

Вкупно биле спасени 30 мигранти (15 мажи, седум жени и осум деца), уапсени се двете лица, кои управувале со глисерот и се државјани на Турција, а спасените потврдиле дека станува збор за криумчари.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ