Хрватскиот инфлуенсер, Кристијан Иличиќ, кој се занимава со
патување, успеал да ги посети сите земји во светот, што и била неговата цел.
Сепак, на ова патување наишол на сериозна пречка кога сакал
да ја посети последната земја на неговата листа - Туркменистан.
Не успеал да добие виза, а сето тоа го скршило емотивно и
психички...
Кога ги испробал сите опции, дошол до една работа - да
поднесе барање за српско државјанство. Дури и го сменил името и зел пасош, се
со надеж дека ќе го посети Туркменистан, кој толку многу го посакувал.
На крајот успеал, како што вели, со помош на еден „моќен“
човек од Хрватска, за што зборувал во својот влог.