Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Христодулидис позитивно одговори на барањата на ООН за средба со кипарските Турци

3 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис изрази подготвеност за тројна средба со генералниот секретар на ООН и со лидерот на кипарските Турци во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ООН, пренесе кипарската новинска агенција КНА, повикувајќи се на неговото излагање при пристигнувањето на Кипарскиот технолошки универзитет во Лимасол, по повод почетокот на новата учебна година.

На прашање за можноста за тројна средба со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, и лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, за време на неговата посета на Њујорк, Христодулидис рече дека добил барање од ООН за различни датуми и дека на сите одговорил позитивно, изразувајќи ја својата подготвеност за средба и очекува дополнителни информации.

- Два-три пати ме прашаа за конкретни датуми и јас одговорив позитивно,“нагласи тој. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ