Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Хаос во Тирана: Опозициски пратеник два часа го блокира Собранието (ВИДЕО)

19 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пратеникот Агрон Шехај од опозицијата ја блокираше говорницата и повеќе од два часа не дозволуваше да зборуваат други пратеници, што предизвика хаос во парламентот, објави „Топ чанел“.

Претседателката на Собранието Елиса Спиропали и пратеникот од Демократската партија Фљамур Нока побараа Шехај да ја напушти говорницата, но не успеаја.

Спиропали му рекла на Шехај „веднаш да ја напушти говорницата“. Откако Шехај продолжи да ја нарушува работата на седницата, Нока го крена гласот, барајќи од него да ја напушти говорницата.

Собранието беше принудено да ја прекине седницата поради тензија меѓу пратениците. Инцидентот предизвика остри реакции во парламентот и кај пратениците, кои продолжија да се обвинуваат и навредуваат.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ