<span style="color: rgb(34, 34, 34); font-family: Verdana, BlinkMacSystemFont, -apple-system, "Segoe UI", Roboto, Oxygen, Ubuntu, Cantarell, "Open Sans", "Helvetica Neue", sans-serif; font-size: 15px;">Во интервју за </span><a href="https://mina.news/vijesti-iz-crne-gore/politika/fajon-bilateralna-pitanja-rjesavati-u-dobrosusjedskom-duhu/" target="_blank">црногорската агенција МИНА</a><span style="color: rgb(34, 34, 34); font-family: Verdana, BlinkMacSystemFont, -apple-system, "Segoe UI", Roboto, Oxygen, Ubuntu, Cantarell, "Open Sans", "Helvetica Neue", sans-serif; font-size: 15px;">, министерката за надворешни и европски работи на Словенија Тања Фајон изјави дека Германија и Словенија подготвиле нон-пејпер со кој се предвидува укинување на можноста за вето и блокади во процесот на пристапување во ЕУ поради билатерални прашања со соседни држави, бидејќи на овој начин, како што кажа, ќе се забрза целиот процес на проширување, мислејќи поточно на претпристапниот процес.</span>
„Целта на иницијативата е да се забрза процесот на проширување. Предлагаме да се минимизираат ветата и блокадите поради билатерални прашања и да се користи квалификувано мнозинство за одлучување во процесот“,<span> </span>рече Фајон.
Изјавата на Фајон следува откако Хрватска го блокира затворањето на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика за Црна Гора. Таа ги повика двете земји да ги решат меѓусебните билатерални прашања во добрососедски дух пред пристапувањето во ЕУ.
„Се надевам дека двете земји ќе ги затворат билатералните прашања и нема да го усложнат процесот на проширување“,кажа Фајон.
Фајон вели дека Црна Гора има реални шанси, можеби дури и за време на мандатот на оваа Европска комисија, да го направи тој клучен чекор кон пристапување во Унијата и рече дека се надева оти до крајот на годината Црна Гора ќе затвори четири поглавја, што би претставувало важен чекор кон членство во ЕУ.
Словенечката министерка рече и дека останува оптимист дека Западен Балкан, со поддршка од ЕУ, ќе стане интегрален дел од европското семејство до крајот на деценијата.