Низ поморскиот свет, товарниот брод Катрин, кој плови под португалско знаме, деновиве прави голема бура, а во моментов плови на помалку од една милја по границата на хрватските територијални води, бидејќи се претпоставува дека бара дозвола од хрватските власти да помине.
Имено, меѓународната невладина организација Амнести интернешенел тврди дека бродот превезува експлозиви за Израел, а ова сознание ги затворило вратите на овој брод за бројни пристаништа, меѓу кои и пристаништето Бар во Црна Гора, каде што требало да вплови неколку пред денови, пишува<a href="https://www.morski.hr/drama-u-jadranu-brod-krcat-eksplozivom-za-izrael-stoji-ispred-hrvatskih-voda-nije-uspio-u-crnogorskoj-luci-namibija-ga-odbila-vlasnik-trazi-da-skinu-portugalsku-zastavu/"> Морски.хр.</a>
Дека нема да влезе во црногорското пристаниште Бар дознава порталот <a href="https://admin.rtcg.me/vijesti/drustvo/606666/brod-sa-oruzjem-za-izrael-nece-uci-u-luku-bar.html?fbclid=IwY2xjawFrKSdleHRuA2FlbQIxMQABHSfmxsIqhnZ4xUjWbpEQxvg9jOhghddL4oPli_wJucC5E8gwdhgSkoMQHA_aem_4QeeNJak6KRlnzDb3kmGvA&ref=morski.hr">РТЦГ</a>, кој исто така објави дека бродот ќе замине во Хрватска, па во меѓувреме е повлечено барањето кое претходно беше доставено до црногорската страна.
Амнести интернешнал ги повика Словенија и Црна Гора да пресретнат брод за кој се верува дека носи експлозиви за Израел, со оглед на јасниот ризик дека таков товар ќе придонесе за извршување на воени злосторства во Газа:
- Според намибиската влада и португалскиот министер за надворешни работи, товарот на моторниот брод Катрин вклучува експлозиви наменети за Израел. Намибиските власти одбија да му дозволат на бродот да влезе во нивното главно пристаниште (op.a. = Walvis Bay) во август. Изјавите од кабинетот на словенечкиот премиер и португалскиот министер за надворешни работи укажуваат дека бродот се упатува кон Црна Гора и словенечкото пристаниште Копар, каде што ќе го истовари својот товар. Нејасно е како товарот ќе стигне до Израел - објави Амнести интернешенел.
Освен тврдењето на оваа меѓународна организација, единствениот документ кој е објавен во јавноста и потврдува дека бродот е натоварен со експлозив е објавен од намибиските власти. Во август, оваа јужноафриканска земја одби да му дозволи на бродот да влезе во нивното пристаниште, повикувајќи се на информации од операторот на бродот дека неговиот товар вклучува осум контејнери со експлозив RDX Hexogen за Израел, а ова е документот што го објавија:
Министерката за правда на Намибија, Ивон Даусаб потврди за намибискиот дневен весник New Era на 26 август дека М.Б. Катрин „навистина транспортира експлозивен материјал наменет за Израел“.
- Намибија ја исполнува својата обврска да не поддржува или да биде учесник во израелските воени злосторства, злосторства против човештвото, геноцид, како и нелегалната окупација на Палестина.
- Сега останува на Словенија, Црна Гора и на сите други земји да го сторат истото и да избегнат овозможување на нелегалниот трансфер - изјави Наташа Посел, шефица на словенечкиот огранок на Амнести интернешенел, која потсетува дека Меѓународното хуманитарно право им забранува на сите земји да пренесуваат оружје во страна во вооружен конфликт кога постои јасен ризик дека тоа ќе придонесе за воени злосторства или други сериозни повреди на ова право.
Како што детално опиша Amnesty International, моторниот брод Катрин го натоварил товарот во виетнамското пристаниште Хаи Фонг, пишува Morski.hr.
На 24 август, намибиските власти ја укинаа претходно издадената дозвола на бродот за влез во главното пристаниште на Намибија, повикувајќи се на информации од операторот на бродот дека товарот со експлозиви на бродот бил наменет за Израел. Оваа одлука беше заснована на загриженоста за можна вмешаност во воените злосторства во Газа. МБ Катрин требаше да се закотви во заливот Валвис во Намибија на 25 август.
Шест дена подоцна, специјалниот известувач на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, рече дека осум тенкови на бродот МВ Катрин „наводно содржат клучни компоненти во воздушните бомби и проектили“ што ги користи Израел против Палестинците. Албанезе ги повика другите земји да го блокираат приклучувањето на бродот во нивните пристаништа.
-Државите мора да ги почитуваат своите законски обврски од заедничкиот член 1 од Женевската конвенција и треба веднаш да го прекинат секој трансфер на оружје за Израел - рече таа.
Движењето за Палестина соопшти дека сопственикот на бродот „Катрин“ побарал од Португалија да го повлече своето знаме.
– Потрагата по ново знаме за бродот „Катрин“ е во тек бидејќи ниту една земја се уште не дала дозвола за нејзино знаме, кое во секој момент може да се смени. Бродот дотогаш нема да може да влезе во ниту едно пристаниште и ќе мора да остане на море - наведе меѓу другото од Движењето за Палестина.
Инаку, според јавно достапните податоци, сопственик на бродот изграден во 2010 година во Кина е германската компанија Concord Shipping.
<b>Се чека одговорот на хрватското Министерство за море</b>
Во ниту еден од овие документи или официјални изјави не се споменува Република Хрватска, но бродот моментално се наоѓа во хрватската економска зона.
Бродот Катрин цело утро беше во приближно иста позиција, на нешто помалку од 1 наутичка милја од хрватските територијални води, но во хрватската економска зона и малку повеќе од 12 наутички милји јужно од островот Ластово. Се претпоставува дека тој чека одобрение од хрватските власти за премин или влез во хрватските територијални води.