Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ одлуката за укинување на контролите ја донесе на 12 декември по што унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер рече дека тоа е „историски момент“.

Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март минатата година, но при тоа беа укинати само контролите на внатрешните воздушни и водени гранични премини, додека и натаму останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите Шенген држави.

Шенген зоната е најголемата област на слободно движење на стоки и патници во светот. Таа е воспоставена во 1985 година со укинување на граничните контроли меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија. Денес правилата за слободно движење во Шенген зоната важат во 29 земји – сите членки на ЕУ со исклучок на Ирска и Кипар, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија и таа се протега на територија на која живеат 420 милиони луѓе. Кипар официјално е дел од областа, но контролите на неговите внатрешни граници кон ЕУ се уште не се укинати, додека Ирска воопшто не е членка на Шенген зоната.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ