Во ноември 2023 година, албанскиот премиер Еди Рама и италијанската премиерка Џорџија Мелони преговараа за договор за испраќање илјадници бегалци и баратели на азил спасени од италијански бродови од Медитеранот во Албанија.
Тоа е првиот пример на не-членка на ЕУ да прифаќа мигранти во име на земја-членка на Унијата, што ги заинтересира другите западни земји кои се обидуваат да го обесхрабрат зголемениот број мигранти кои пристигнуваат во западните земји од Африка, Блискиот Исток и други области.
„Од денеска два центри се отворени и подготвени да ги примат првите мигранти“, изјави италијански функционер кој сакаше да остане анонимен во пристанишниот град Шенѓин, на јадранскиот брег на Албанија.
Според договорот, илегалните мигранти кои пристигнуваат во Италија ќе бидат транспортирани со брод до Шенѓин. Таму ќе се утврдува нивниот идентитет и ќе се обработуваат барањата за азил.
Dentro i nuovi centri #migranti in #Albania, consegnati dopo il collaudo. Saranno operativi dalla prossima settimana pic.twitter.com/KX3C2NRQex
— askanews (@askanews_ita) October 12, 2024
Тие потоа ќе бидат префрлени во блискиот град Ѓадар, каде што ќе бидат сместени.
Со финансиски средства од Италија, таму ќе се носат само луѓето спасени од Медитеранот со италијански бродови, а не оние кои стапнале на италијанска почва.
Così gli italiani sbarcano in Albania.
— Niccolò Zancan (@NiccoloZancan) September 1, 2024
Gjadër, il centro di detenzione amministrativa per migranti.
Shëngjin, l’hotspot per l’identificazione. pic.twitter.com/INAlm7SwH2
Албанија, една од најсиромашните европски земји, исто така е кандидат за членство во ЕУ. Во центрите можат да престојуваат до 3.000 мигранти.
Повеќе од 145.000 луѓе пристигнале на италијанските брегови во 2023 година, во споредба со околу 88.000 во истиот период во 2022 година.