Во масакрот што синоќа се случи во Цетиње Ацо Мартиновиќ (45) уби 12 лица, меѓу кои и две деца. Овој случај е речиси идентичен со масовното убиство што го изврши Вук Бориловиќ.
На местото на трагедијата врие од полиција, но и медиуми, а најновите информации кои доаѓаат од теренот откриваат дека луѓето во паника се заклучувале во домовите затоа што не знаеле дали убиецот има некоја зацртана цел или убива по случаен избор.
Инаку, крвавиот пир започнал во локална кафеана. Според последните информации убиени се 12 лица, а убиецот се самоубил. Убиствата се извршени на шест локации, односно шестата е местото каде убиецот се застрелал. Четири повредени лица во моментов се хоспитализирани. Соседи на Мартиновиќ раскажуваат дека тој со години живеел мирно, немал ништо лошо во минатото, но и дека бил добар занаетчија, т.е. лимар.
Жителите на Цетиње уште велат дека и денес на улиците нема никој, како и дека ноќта ја поминале во страв и од шок не можеле да заспијат.
- Сите се затворија во своите куќи, сите беа под стрес, не знаевме дали пука по случаен избор или има зацртана цел бидејќи прво го убил своето семејството, па продолжил кај пријателите, па имам чувство дека било планирано и дека бил под дејство на алкохол. Беше лимар, фарбаше коли, се однесуваше нормално. Морав да одам на работа, а кога се враќав сама накај дома, не ми беше сеедно, раскажува сосетка на Мартиновиќ.
Цетиње е блокирано, а граѓаните во шок.