Монструмот од Цетиње, Александар Мартиновиќ, кој уби 12 лица на полицијата веќе и бил познат по своето насилно однесување, но соседите велат дека немале никакви проблеми со него.
- Не се караше со никој од соседството. Беше мирен, чесен и повлечен. Што се случи вчера, никој не знае. Никогаш нема да знаеме дали е виновен алкохолот или нешто друго - вели еден од првите соседи за агенцијата РИНА.
Тој додава и дека Мартиновиќ бил врвен мајстор за фарбање на автомобили и дека не бил оженет. Исто така, пред куќата на Мартиновиќ има силни полициски сили кои го обезбедуваат местото на истрагата.
Како што изјави утрово обвинителката Андријана Настиќ, жртвите биле убиени на различни локации.
- Александар Мартиновиќ ги убил жртвите на пет различни локации во тој град, рече таа откако беше спроведена истрагата на сите локации. На првата локација, да потсетиме, четири лица беа убиени во кафеаната„Велестово“ во центарот на градот. На втората локација убил уште четири лица, а на третата две - деца на возраст од 10 и 13 години. Мартиновиќ убил уште по едно лице на четврта и петта локација, рекла Настиќ.
Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост поради масовното убиство во Цетиње.
Ацо Мартиновиќ, кој бил во роднинска врска со жртвите, се обидел да се самоубие кога го пронашла полицијата, а на пат кон болница им подлегнал на повредите.Ранетите се згрижени во КЦ на Црна Гора и се во тешка состојба.
Како што претходно соопштија од полицијата, Мартиновиќ цел ден консумирал алкохол во кафеаната„Велестово“ која се наоѓа недалеку од Спортскиот центар и Влашката црква. Во еден момент влегол во конфликт со едно лице, по што отишол дома, се вратил во кафеаната, а потоа настанал масакрот.
Меѓу убиените има и блиски роднини и пријатели на Мартиновиќ, потврди полицијата.