Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

17- годишно момче почина на проба на фолклорна група во БиХ, трагедијата го потресе Прњавор

11 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Била повикана брза помош, но и покрај сите напори на медицинските работници, Давид починал од срцев удар.

„Утрово нашиот град, нашето училиште и сите нас, ученици и наставници, бевме потресени од веста за смртта на нашиот ученик Давид Петровиќ. Сакаме да изразиме длабоко и искрено сочувство до семејството и до сите кои го сакаа. Патувај синооко, насмевни им се на ѕвездите“, стои во објавата на официјалната Фејсбук страница на Гимназијата.

Соопштението го коментираа десетици граѓани, кои изразија сочувство до семејството за трагичната загуба.

Да потсетиме, според тамошните медиуми, на Давид синоќа му се слошило на фолклор. Била повикана брза помош, но и покрај сите напори на медицинските работници, момчето починало од срцев удар.

Не е познато дали момчето претходно имало здравствени проблеми.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ