Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Тинејџерка се појавила на матурска забава во мртовечки ковчег: Си игра со Господ (ВИДЕО)

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Без разлика дали се работи за некаков тренд, или желба да се биде оригинален (по секоја цена), на забавата неименувана тинејџерка се појавила во ковчег.

Видеото се појави на социјалните мрежи и шокира многу корисници. Го гледаме моментот кога погребната кола се повлекува, а двајца мажи носат бел ковчег.

Еден момент подоцна, од неа излегува девојка во црн фустан, додека посматрачите ја поздравуваат.

Голем број луѓе го критикуваа ваквото пристигнување на матурска вечер, пренесува Need To Know.

"По ѓаволите! Не ми се верува што гледам“, „Целосно се изгубени, нема надеж за нив“, „Девојката си игра со Господ“, гласат дел од пораките.

Нешто подоцна се јавил сопственикот на погребалното претпријатие кое го доставило ковчегот.

„Немаше никаква зла намера, немаше желба да се навредуваат мртвите. Не мислевме дека некој ќе се налути“, рече тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ