Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Стјуардеса им дели свеќички на патниците среде турбуленции: Умираме? (ВИДЕО)

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Јула патувала за Богота Сан Хозе Дел Гуавиаре, Колумбија и во еден момент збунето гледала како стјуардесите им делат електрични свеќички на патниците, без никакво објаснување.

Збунета и уплашена во исто време почнала да се прекрстува и да се моли додека држела свеќата, а потоа прашала: „Умираме? додека турбуленции го потресуваат авионот. „Бев убедена дека ни дадоа свеќи бидејќи знаеја дека ќе пропаднеме“, напишала таа подоцна.

Во видеото што таа го сподели, се слуша порака на шпански: „Ве молиме останете седејќи со врзан појас додека светлата се вклучени и особено внимавајте на упатствата“. Откако френетично ја анализирала ситуацијата и сѐ што ја опкружувало, Јула почувствувала големо олеснување кога авионот безбедно слетал на својата дестинација.

@jula.vadini Colombians, is it usual for companies to give out candles? 🕯️ I was on my way to San Jose de Guaviare ! #flight #planeincident #plane #crash #turbulence #colombia #bogota ♬ original sound - jula.vadini

Во натписот на објавата на Инстаграм, Јула праша: „Колумбијци, дали е вообичаено авиокомпаниите да ви даваат свеќи?

Видеото кое таа го сподели брзо стана вирално и собра повеќе од 1,6 милиони прегледи. Луѓето ѝ ја објаснија причината на Јула во коментарите. „Да, овде во Колумбија имаме празник познат како Día de las velitas или Ден на свеќите, кога палиме свеќи. Тоа е важен ден за многумина од нас затоа што палиме свеќи за да изразиме желби“, објасни еден корисник. Друг додаде: „Бидејќи на 7 декември го славиме Денот на свеќите. Тоа е традиција каде што палиме свеќи и правиме желби“.

„Не, но и јас ќе го мислев истото. Веднаш ќе заклучев дека ќе паднеме“, „ЛОЛ, и јас тотално ќе ме фатеше паника“, коментираат некои.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ