Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Совети за проблеми во односот родител - дете

27 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Иако понекогаш може да биде потребна и стручна помош, важно е прво да се препознаат знаците што укажуваат дека детето има тешкотии да се поврзе со родителот. Следат петте најчести показатели за можните проблеми и совети за подобрување на односот на родителите со своите деца.

Не Ве слушаат

Кога детето редовно ги игнорира укажувањата и советите на возрасниот, тоа може да значи дека не го сфаќа сѐ тоа сериозно, или пак, не гледа личност на авторитет пред себе. Доколку, на пр., го замолите да си ја исчисти собата и тој / таа се префрли на нешто друго, ова е знак дека е потребна промена во пристапот во воспитувањето.

Не сакаат да минуваат време со Вас

Кога детето редовно избегнува семејни активности и сака повеќе да се дружи со другарчињата отколку со родителите - тоа е сериозен знак. Ако се повлече во својата соба избегнувајќи ги семејните дружби, можеби се работи за детска привреемена бунтовност, но доколку постојано се повлекува, можеби тој / таа не се чувствува поврзан /-а со семејството, што, исто така, бара промени во односот родител - дете, пишува босанскиот портал „Кликс“.

Се однесуваат како да сте им непријател

Ако децата често реагираат бурно или дефанзивно на кое било прашање на родителот, или го гледаат како личност со која постојано се расправаат, тоа значи - има некаква тензија. Ваквото однесување може значително да ги влоши односите, па треба да се обрне внимание и на ваквите реакции.

Речиси никогаш не Ви се доверуваат за својот личен живот

Ова е знак на недоверба. Ако не му е удобно да му се довери на својот татко, или на мајка сѝ, можеби детето не е сигурно дека ќе биде разбрано.

Претеран сарказам и негативни коментари

Кога детето често користи сарказам, цинизам и остри коментари кон родителот, тоа може да биде знак на фрустрација и недоразбирање. Прашања како „Дали воопшто ти е гајле?“ - можат да укажуваат на чувство на запоставување во семејната врска.

Препознавањето на овие знаци е важно за навремено решавање на проблемите во односот родител - дете. Ако се забележи некој од овие признаци, важно е возрасниот отворено да разговара со детето и да се размисли како да се подобри меѓусебното разбирање и поврзаност.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ