„Ловот“ на нова работа често бара упорност, време и флексибилност, но тиктокерот Џеј Ли со својот експеримент покажа дека креативноста и смелоста можат да донесат изненадувачки резултати.
Во видеото тој објаснил неконвенционална стратегија – испратил дури 100 апликации за работа во еден ден, користејќи измислено име и необична биографија.
<b>Измислено име и необична биографија</b>
Ли ги испратил сите апликации под лажното име Кисма Д Натс (Kismma D. Nhuhts) за да тестира колку внимание посветуваат работодавците на примените апликации. Во својата биографија, покрај стандардните информации, додал и неколку необичности – меѓу своите „достигнувања“ навел дека неговото куче победило на светскиот шампионат и дека соработувал со актерка од индустријата за возрасни.
Резултатите од овој експеримент ги надминале неговите очекувања. Тој бил шокиран, бидејќи уште првиот ден ја добил првата покана за интервју, а во текот на една недела добил вкупно 36 одговори – шест покани за интервју и 30 одбиени апликации.
„Навистина бев изненаден од тоа колку одговори добив за толку кратко време. Уште поневеројатно е тоа што никој не забележа ништо необично во мојата биографија“, рекол Ли.
<b>Реакции на компаниите</b>
Иако не ги откри имињата на компаниите кои го поканиле на интервју, Ли изјавил дека една од поканите е од познатиот онлајн форум „Редит“. Неговиот експеримент брзо стана вирален, при што многу корисници се идентификуваа со неговото искуство. Некои се пошегуваа дека понекогаш дури и не добиваат автоматски одговор на апликациите, а камоли покана за интервју.
<b>Пораката зад експериментот</b>
Иако овој пристап не е типичен пример за барање работа, Ли често споделува совети за пишување ефективна биографија и стратегии за успешни апликации на неговиот профил на ТикТок. Неговиот експеримент нè потсетува на важноста да се размислува „надвор од кутијата“ и да се приспособат стратегиите во денешниот конкурентен свет на вработување.