Британските медиуми јавуваат дека несреќниот маж наводно се обидел да направи селфи со животното пред неговиот кафез, кога настанал хаос.
На видео од Пакистан гледаме млад човек како вреска додека млад лав му ги копа канџите во телото. Тој се обидува да излезе, но е целосно беспомошен.
Други двајца мажи го удирале животното и се обидуваат да го одвојат од жртвата која моли за живот, пишува Дејли Мејл.
На крајот, лавот го пушта младиот човек, кој успева да се засолни, а потоа шета низ кафезот лижејќи си ја устата.
Повредениот итно бил пренесен во болница, но неговата здравствена состојба не е позната.
Овој инцидент уште еднаш потврдува колку дивите животни се непредвидливи, без разлика на нивната околина.