Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Преживеал два месеци изгубен среде море, со телата на синот и братот во чамецот (ВИДЕО)

15 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Несреќниот човек бил во помошен гумен чамец, во кој имало и две безживотни тела, јавува Би-Би-Си.

„Ги забележавме на радарот, но мислевме дека се работи за пловка или некаков ѓубре“, објаснува екипажот на бродот.

Властите соопштуваат дека М.П., ​​придружуван од неговиот брат и неговиот 15-годишен син, тргнале од областа Хабаровск на далечниот исток на Русија кон островот Сахалин.

Тие се качиле на катамаранот на 9 август, но никогаш не стигнале до целта.

Спасувачките тимови организирале потрага, во која биле вклучени четири авиони, а биле испитани 55.000 квадратни километри од Охотското Море и две илјади километри крајбрежје.

На 14 октомври бил пронајден катамаранот, а ден подоцна преживеаниот М.П.

„Мажот е во шок и веднаш му била укажана лекарска помош“, соопштија надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека тој изгубил 50 килограми во изминатите два месеци, како и дека ги сочувал телата на починати роднини.

Се тврди дека бил вработен на Сахалин и дека во слободното време се занимавал со риболов.

„Можно е неговото претходно искуство на море да му помогнало да преживее“, се вели.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ