Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

По принцот Хари, и Меган Маркл се подготвува да напише мемоари

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој веќе некое време ја промовира книгата низ светот, а со него не се појавува неговата сопруга Меган Маркл (41).

На многумина им е чудно бидејќи Хари и Меган најчесто учествувале во проекти заедно, а сега, за време на еден од најголемите проекти, Меган останува дома. Сѐ започна по документарниот филм на Нетфликс. По неговото излегување, Меган се повлече од јавноста и не може да се види ниту во дворот од нивната куќа.

Би било логично Меган да му се придружи на Хари за време на промоцијата бидејќи тоа секако би ја зголемило продажбата на книгата „Резервни“, но таа наводно се грижи за нивните две деца во Монтесито – Арчи и Лилибет и смета дека на Хари треба да му се дадат неговите “пет минути”.

Извори блиски до кралското семејство тврдат дека Меган не излегува во јавност затоа што сака да не е во центарот на вниманието, а тврдат и дека Меган сама ги пишува своите мемоари. Медиумите пишуваат дека причината е што Хари сака да се смири со кралот Чарлс и принцот Вилијам.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ