Пејачката се поздравила со сите собрани гардисти, и положи цвеќе.
Командантот на српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан бил убиен на денешен ден пред точно 23 години во хотелот „Интерконтинентал“ кога бил застрелан од Добросав Гавриќ и уште двајца негови соучесници. Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзиниот син Вељко и ќерката Анастасија дошле да го одбележат поменот на својот сопруг и татко на Вељко и Анастација на Новите гробишта.
Прва на панихидата пристигнала сестрата на Аркан, Јасна, која донела црвени рози и запалила свеќа во тишина си замина без да ја чека Цеца Ражнатовиќ, која секоја година доаѓа на панихидата.
Пејачката дошла набргу по неа со ќерката и синот. Ги поздрави сите собрани гардисти, и положи цвеќе.
Вељко носел корпа со храна додека неговата сестра носел овал на кој имало и храна. Тие го бакнаа споменикот, запалија свеќи, а владиката Стефан прочитал молитва.