Ако некогаш сте се запрашале како изгледал животот во најславните денови на вилата на Плејбој, вдовицата на Хју Хефнер, Кристал неодамна откри неколку пикантерии кои ги натераа сите да почнат да фантазираат.
Кристал беше во брак со Хефнер пет години, од декември 2012 година до неговата смрт во 2017 година. По неговата смрт, бројни зајачици излегоа во јавноста и зборуваа за нивното искуство од живеењето во вилата.
Така и самата Кристал решила да зборува за себе во своите мемоари, но во исто време дала и подетални информации за тоа како девојките дошле да живеат во замокот на Плејбој. Така таа го открила системот за оценување што постоел.
<b>Што пишува во мемоарите „Кажи само добри работи: Преживување на Плејбој и пронаоѓање на себе“?</b>
Појавувајќи се во една епизода од поткастот The Skinny Confidential On and Her, Кристал открила дека Хеф ги чувал полароидите од жените кои биле поканети на пливање и дека имало „цела канцеларија на луѓе“ посветена на пронаоѓање девојки за забава кои потоа требало да бидат оценети по системот „ABCD“.
Ги бирале жените „врз основа на она што тие мислат дека му се допаѓа на Хефнер“, објаснила таа. Кристал рекла и дека не мислела оти ќе биде избрана, но на крајот ги поминала „квалификациите“.
„Кога девојките се качуваат горе, тие во основа земаат полароид од вас во гаражата, а тоа се фотографиите што ги гледа Хеф“, рекла таа, додавајќи дека тоа бил протоколот за да се влезе во замокот.
- После тоа одите на забавата, но Хеф ве оценува, тоа е како А, Б, Ц, Д. По забавата, Хеф ги зема сите овие полароиди и оценува група жени,рекла Кристал Хефнер.
Полароидите ќе се чуваат во Ролодекс, „малите фиоки што се во канцелариите“.
- За забавите, тимот на Хеф прво би ја извлекол фиоката А. Сите тие девојки би биле поканети, која и да добила А“, продолжила таа.
Тие постепено би се преселиле во жените со оцена Б, Ц и Д во зависност од достапноста.
– Така функционираше – низ смеа изјавила Кристал, додека домаќините изгледале видно збунето.
Кристал тогаш рече дека „немала поим“ оти ќе има систем за оценување кога аплицирала.
- Подоцна, кога ја запознав групата која работеше на системот за оценување, прашав за моите фотографии и ме имаа како десетка, рекла таа.
Сопругата број три на Хеф, исто така, открила дека основачот на Плејбој имал папка со сите фотографии на жените кои престојуваат во вилата за викенд „во случај да заборави како изгледаме“.
- Не сфатив дека сум А на полароид додека не останав за викенд, додала таа.