Мртвиот кит се насукал на брегот на Јужниот Остров во Нов Зеланд, нудејќи можност да се проучува овој цицач, којшто всушност, никогаш не е виден жив. Со должина од пет метри, китот беше пронајден од плажата во јули и оттогаш е сместен во посебен замрзнувач. Стручњакот за китови, Антон ван Хелден изјави дека ова е првпат научниците да успеат да сецираат комплетен примерок, којшто му припаѓа на семејството китови со клун.
- Ова е извонредна и светски значајна можност! Клунестите китови се најенигматичната група големи цицачи на планетата, рече Ван Хелден.
Претстојното еднонеделно секцирање ќе помогне да се пополнат празнините во науката и сознанијата, во врска со однесувањето на китот, неговата исхрана, па и неговата основна анатомија. /МИА