Дел од колекцијата е банкнота од пет долари која ги воодушеви корисниците и може да вреди цело богатство.
„Ова е најлудата банкнота што сум ја видел“, рече Карол и покажа што го прави хартиениот долар уникатен.
Банкнотата има голема грешка при печатење која е јасно видлива во споредба со оригиналниот дизајн, пренесува Newsweek.
„Тиктокерката“ открива дека бабата на Томи порано работела во одделот за финансии на студиото „Universal“ во Калифорнија.
„Луѓето нудеа меѓу пет илјади и 400.000 долари за да ја купат, но понудите беа одбиени“, додаде таа.
@lottiestarlight #fyp #inheritance #banknote #collection ♬ Clint Eastwood - Gorillaz
Шарлот вели дека сакала светот да види колку е уникатна банкнотата, но не очекувала дека ќе привлече толку големо внимание.
Сопственикот на необичната банкнота вели дека никогаш нема да ја продаде. „Тоа е мојот омилен и бесценет примерок од колекцијата на баба ми.“