Понекогаш се чини дека убавите работи во животот ги сфаќаме лесно и дека не го цениме доволно она што го имаме додека не го снема. Во напорниот распоред на животот, често го занемаруваме семејството, пријателите, па дури и самите себе затоа што бркаме работа, успех во кариерата и го поминуваме времето брзајќи кон и од работа.
Еден човек решил на потешкиот начин да ги научи своите сакани важна лекција. Имено, тој првично ја лажирал сопствената смрт. Шокирани од загубата на саканата личност, семејството организирало погреб на кој присуствувале сите пријатели на „покојникот“, блиски и пошироки роднини со нивните семејства. А потоа следувал шок.
Дејвид Бертен (45) им го кажал планот на сопругата и децата, а тие му помогнале да ја изведе претставата. Една од неговите ќерки помогнала во измамата пишувајќи на ТикТок: „Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто ти? Ти требаше да станеш дедо и уште цел живот го имаше пред тебе. Те сакам, ние те сакаме. Никогаш нема да те заборавиме“.
Семејството го организирало погребот, а додека сите се собирале во поворката, одеднаш виделе хеликоптер над главите. Од хеликоптерот излегол камерман, а со него и „покојникот“, што целосно ја шокирало толпата.
"Она што го гледам во моето семејство често ме боли. Никогаш не ме канат на ништо. Никој не ме гледа. Сите пораснавме одделно. Чувствувам дека не ме ценат. Затоа сакав да им дадам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекате некој да умре за да го видите“, рекол тој.
Оваа снимка стана вирална на интернет, а многумина го осудија семејството поради толку суровата шега со најблиските.