Компанијата за истражување на пазарот TD Cowen ги откри вкупните трошоци за производство на iPhone 16 Pro Max.
Производната цена на моделот iPhone 16 Pro Max со 256 GB вклучува компоненти, склопување на производи и пакување.
Во својата анализа, TD Cowen истакнува дека вкупните трошоци за производство на моделот iPhone 16 Pro Max со 256 GB е само 485 долари, што претставува речиси една третина од неговата продажна цена.
За споредба, производството на iPhone 15 Pro Max чини 453 долари, што е 32 долари (или 7%) помалку од iPhone 16 Pro Max.
Извештајот покажува дека камерите и дисплејот се најскапите компоненти на телефонот. Само системот на камера на задната страна учествува со 16% од вкупната производствена цена на телефонот.
Интересно е што помоќниот A18 Pro чип, кој го користи овогодинешниот најмоќниот iPhone, чини само пет долари повеќе од A17 Pro што го користеше претходниот iPhone.
Меморијата и складирањето се исто така поскапи за пет долари. Од друга страна, подобрената батерија чини исто: 15 долари.
Apple го продава iPhone 16 Pro Max по цена од 1199 долари (модел од 256 GB). Ова значеше дека сите други аспекти (истражување и развој, маркетинг, дистрибуција на софтвер...) чинат 714 долари.