Православните
христијани денеска слават Свети маченици и бесребреници Козма и Дамјан.
Во Црквата,
бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да
чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата
на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се
многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои
лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била
христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а
погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија
да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.
Овие
господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули
(Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Наречени се
бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а
среброто е поим за алчност.
Именден
празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…
Овие светци
се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги
лечат болните кои искрено ќе им се помолат.
Исто така
на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги
слават по оздравувањето.
Во
народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со
народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник
не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.
По
народното верување денеска не би требало да се работат тешки работи и да се
излегува од дома без некоја поголема причина.
Христијаните
на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка
работа.