Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Јасно е колку години имате, но знаете ли колку е старо вашето тело?

26 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во зрелите години виталноста е многу важна.

Сте се запрашале ли некогаш дали возраста на вашето тело одговара на возраста од вашата лична карта? Стареењето не е исто кај сите. Додека некои педесетгодишниците зрачат со виталност, некои триесетгодишни лица веќе ги чувствуваат последиците на заморот, болките и намалените физички способности. Начинот на живот, исхраната, физичката активност и стресот значително влијаат на биолошката возраст на телото, која може да се разликува од вашата хронолошка возраст.

- Вашата биолошка возраст ја одразува вистинската состојба на вашето тело - од виталноста на клетките до функционалноста на органите. Таа е појасен показател за вашето здравје отколку бројот на прославени родендени – се наведува на порталот на Сити магазин.

Еден едноставен, но веродостоен начин за проценка на биолошката возраст е тестот за рамнотежа, кој ги анализира невромускулните врски клучни за стабилноста и подвижноста. Се што ви треба за овој тест е малку време и стабилна површина за да ја извршите оваа вежба.

Како да го направите тестот?

Застанете боси на рамна површина. Затворете ги очите. Полека подигнете ја едната нога и обидете се да ја одржувате рамнотежата што е можно подолго. Мерењето престанува веднаш штом ќе ја изгубите рамнотежата.

Што откриваат резултатите од тестот?

Ако можете да стоите на една нога 30 секунди или повеќе, вашето тело има виталност на како дваесетгодишно.

Ако балансирате помеѓу 15 и 30 секунди, вашето тело функционира како кај четириесетгодишници.

Ако времето е помалку од 10 секунди, вашето тело има карактеристики како кај личност над 60 години.

- Доколку резултатот не е задоволителен, не треба да се обесхрабрувате. Биолошката возраст не е постојана. Имено, со промена на вашите навики, може значително да ја подобрите состојбата на вашето тело – велат експертите.

Како да ги подобрите резултатите?

За подобри резултати се препорачува редовна физичка активност, како јога, пилатес или таи чи, која ја подобрува рамнотежата. Дневни прошетки од најмалку 30 минути кои го намалуваат стресот и го одржуваат телото активно, исто така се делотворни, како и вежбите за сила и флексибилност за зачувување на мускулната маса. Избегнувајте долготрајно седење и неактивност.

Вашето тело е најдобриот водич за здравје. Слушајте го и усвојте навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате помладо и повитално. Биолошката возраст не е судбина, со соодветна грижа можете да ја „вратите“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ