Пејачката Џенифер Лопез (55) се уште не може да поверува дека таа и Бен Афлек (52) не успеаја да опстанат ниту во вториот обид. Тие беа заедно пред 20 години, а потоа се венчаа пред нешто повеќе од 2 години. Сепак, ова лето пејачката поднесе барање за развод затоа што работите не функционирале.
Ова е негов втор и нејзин четврти развод, и иако прави се за да изгледа дека овој факт не ја повредува, вистината е дека таа не може да го заборави човекот што го сака цел живот. Џенифер ја интересира се што прави нејзиниот поранешен сопруг, пишуваат странските медиуми кои тврдат дека пејачката е посесивна и сака да контролира се што прави Бен. Многумина мислат дека таа треба да побара помош.
"Таа тврди дека го напуштила Бен, но вистината е поинаква. Таа сè уште е опседната со него, па дури и има известувања од Google кои ѝ доаѓаат кога неговото име ќе се спомне на интернет, што е некако болно", рекол извор близок до Џенифер за InTouch.
Истиот извор потврди дека е вистина она што Лопез го кажа во последните интервјуа кога зборуваше за разводот, дека по разводот се чувствува како да и се срушил целиот свет..
„Секогаш кога ќе ги сретне нивните заеднички пријатели, таа почнува да зборува за Бен. Ако разговара со Мет Дејмон, го прашува за Афлек. Бара изговори да оди кај него дома и да му врати некои работи, но всушност сака да види како е“, рекол изворот.