Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Дресот на безбол легендата Рут достигна рекордни 13.3 милиони долари

26 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Станува збор за рекордна сума понудена за спортски сувенир. Претходниот рекорд беше поставен во септември 2022 година, кога дресот на кошаркарот Мајкл Џордан со кој настапи во првиот натпревар од финалната серија во НБА лигата против Јута како играч на Чикаго во 1998 година, беше продадена на аукција за 10,091 милиони долари.

Според американските медиуми, вредноста на дресот на Рут може да се зголеми до крајот на аукцијата на 24 август.

Бејб Рут почина на 16 август 1948 година на 53-годишна возраст. За време на неговата кариера, освои седум шампионски титули, настапувајќи за Бостон Ред Сокс (1914-1919), Њујорк Јенкис (1920-1934) и Бостон Брејвс (1935). 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ