Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Домашни кучиња до смрт изгризале 5 годишно девојче, таткото бил до неа (ВИДЕО)

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Девојчето наводно било нападнато од 10-годишен и шестгодишен ротвајлер, а повредите биле лоцирани на торзото и главата, објави ABC7.

Според поручникот Стив Де Јонг од округот Лос Анџелес, кога се случил нападот девојчето било во дворот на семејната куќа придружувано од нејзиниот татко.

Членовите на семејството се обиделе да му помогнат на девојчето на лице место. Таа итно била пренесена во болница каде, за жал, им подлегнала на повредите.

Заедно со девојчето во болница бил пренесен и таткото, но не се наведува причината или степенот на повредите.

Според реконструкцијата, во моментот на нападот во куќата имало четири кучиња. Сите се окарактеризирани како „миленичиња“. Девојчето било нападнато од двајца, а како што рекле членовите на семејството, девојчето цел живот „имало контакт со нив“.

На видеото по нападот се гледаат нејзините влечки кои останале во дворот...

„Семејството соработуваше, а таткото е уништен од она што се случи. Можеме да заклучиме дека тоа беше трагична несреќа“, рече Де Јонг.

Во меѓувреме, сите четири кучиња се одземени, сместени во Центарот за згрижување на животни.

„Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес моментално го истражува овој случај“, изјави Кристофер Валес од Центарот за нега на животни за USA Today.

„Прво мислевме дека е нападнат соседот, а потоа слушнавме дека всушност е нападнато нивното дете“, вели соседката Ен Еванс, која живее во близина и која истакнува дека овој настан ги исплашил и шокирал.

Друга сосетка, која живее во близина на семејната куќа на жртвата, вели дека никогаш не видела ротвајлери и е изненадена што тие имале куче.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ