Бабата Лилијан Доринак на 94 години е една од омилените инфлуенсерки на социјалната мрежа ТикТок. Нејзината отвореност за љубовниот живот и желбата да го најде вистинскиот воодушеви многу корисници, а овој пат се пожали дека раскинала.
Романсата се разгорела во домот за стари лица, а потоа по раскинувањето решила да проговори за причините, но и да му каже дека веќе го преболела, бидејќи немала време за губење.
- Ова видео е за мојот поранешен. Ако не си ти, продолжиш да скролаш. Готово е! Готово! Те преболев, и тоа за само две недели. И ќе ти требаат години да ме преболиш. Со среќа. И гледај го ова. Те блокирам. Блокиран си. И престани да доаѓаш во мојот дом за стари лица. Забранет ти е пристапот. Ја имаат твојата фотографија на рецепција! И знаеш што, никогаш не ми се допаднаа овие обетки што ми ги купи. Знам, ова се лажни дијаманти. Мислиш дека сум глупава? Збогум! Не те сакам - му порачала бабата.
Како и повеќето видеа на баба Лилијан, така и ова стана вирално, а насмеа многумина, кои признаа дека се воодушевени од нејзиниот потег и коментираа под објавата:
"Легендата ја диктираше листата на несакани гости на нејзиниот погреб. Таа пробуваше и облека за таа пригода. Ја обожавам, неуништлива е и страшно смешна", "Баба змеј", "А ние помладите како да немаме волја“...