Доломитите -
остри врвови, на прв поглед негостопримливи, кријат питоми села и градови, како
и пасишта кои нема да ги најдете на никаде на друго место во светот. Таму е
веројатно најубавото село на светот, Света Магдалена.
Овој крај на
светот на патниците, планинарите и љубителите на природата им овозможува
бескрајно задоволство и уживање. Доломитите, особено долината Вал ди Фунес, се
познати по нивната навистина неверојатна природа, а овде сè е како разгледница.
Селото Санта
Магдалена (Santa Maddalena) се наоѓа на надморска височина од околу 1.350
метри, опкружено со спектакуларни планини, пасишта и благи ливади, а неговата
убавина е идентична во сите годишни времиња. Ова село го нарекуваат и
најубавото село на светот, а јасно е и зошто.
Пролетта носи
цветни ливади, додека зимата ја претвора селата во бајковит зимски пејзаж. Планините
околу Света Магдалена се карактеризираат со уникатна светлина и бои, особено на
изгрејсонце и зајдисонце, кога се појавува „алпенглот“ - феномен кога
планинските врвови се осветлени со златно-црвена светлина.
Во мала област на
самиот раб на долината Вал ди Фунес, на северо-источниот дел на земјата, живеат
нешто повеќе од 400 жители и сите се некако поврзани со туризмот, што е
разбирливо. Во сончевите периоди од годината, тука е најдобриот активен одмор и
планинарење по ридовите и ливадите. Во зима секако скијање и уживање во зимски
спортови.
Во селото се
наоѓа истоимената црква, која стана симбол на селото, и најпрепознатливиот
мотив на овој крај и бескрајните планински масиви, како мал човечки придонес за
најубавиот природен колаж од бои и форми.
Покрај природните
убавини, селото зрачи со културата и традицијата на Јужен Тирол. Овој регион се
карактеризира со посебен спој на германски и италијански влијанија. Јазикот,
кујната и обичаите ја одразуваат оваа културна разновидност. Традиционални селски
куќи, т.н маси, изградени се од дрво и камен, често украсени со цветни прозорци
и антички резби, што и дава дополнителен шарм на целата околина.
Во текот на
целата година, Света Магдалена е домаќин на бројни фестивали кои ги слават
локалните обичаи. Некои од нив се поврзани со жетвата и католичките празници.
Локалните жители често носат традиционални носии, што на посетителите им дава
единствена можност да ја запознаат богатата култура и начин на живот во
планинските села во Јужен Тирол.
Селото
претставува вистинска оаза на мирот, место каде природните убавини и културното
наследство се спојуваат во совршена хармонија.
Без разлика дали
доаѓате за планинарење, фотографирање или едноставно да уживате во тишината и
свежиот воздух, Света Магдалена ќе ви овозможи незаборавно искуство. Ова село,
со својата скромна големина, но грандиозна убавина, зазема посебно место на
картата на Доломитите и во срцата на сите што го посетуваат.