До крајот на оваа календарска година ни следуваат силни влијанија на планетите, а тоа носи одредени отежнувања и проблеми со комуникациите. Положбата на Јупитер во бик пак носи одредени поволности, односно стабилност, изобилство и голем број можности за финансиски напредок. Ова значи дека за секој знак до крајот на годинава ќе има и нешто добро и нешто лошо.
До крајот на годината ќе чувствувате немир и постојана потреба за промени. Целата сила ќе ја насочите кон личен и финансиски напредок, но веројатно ќе бидете попретпазливи од вообичаено и нема да си дозволите непроверено да се впуштите во некои нови проекти или да започнете нови врски.
Последните месец и половина од 2024 – та година, ќе ви ја донесат најважната лекција. Ќе мора да научите дека треба да бидете трпеливи и работите да ги решавате чекор по чекор.
Ваш најголем сојузник во 2024-та година е Јупитер, планетата на среќата. Под негово влијание ќе имате уште позасилена потреба за стабилност и сигурност, посебно на поле финансии и на поле љубов.
До крајот на годината ќе бидете сконцентрирани на градење здрав однос и цврсти основи за напредок на поле кариера и љубов. Нема потреба да се грижите ако одвреме-навреме почне да ви бега фокусот. Ќе сфатите дека понекогаш животот мора да ве стави на тест за сами да ја увидите сопствената истрајност.
До крајот на 2024-та ќе бидете подготвени за нови авантури, но бидете внимателни и не паѓајте на лажни ветувања. Насочете ја енергијата само кон оние луѓе што може да ви го испорачаат она што ви го ветуваат.
На љубовен план, обрнете внимание на промените. Некоја личност од минатото може да ви се врати и да се обиде пак да ве освои, а ваше ќе биде да утврдите колку тие ветувања што ви ги дава се искрени.
Крајот на 2024-та ќе ви донесе можност за голем број значајни нови познанства и врски, па можно е да почнете да размислувате за сериозни промени во семејниот живот. Ќе треба да донесете важни одлуки, но бидете внимателни, што и да одлучите, затоа што сериозните решенија се носат со разумот, а не со срцето.
Крајот на оваа година ќе ја стави на тест вашата емотивна стабилност, но ќе мора да верувате во себе и сами да најдете решение за сопствените емотивни проблеми.
За вас 2024-та година беше исполнета со голем број подеми и падови, но на крајот од неа, ќе имате чувство дека работите конечно се стабилизираат. Очекувајте нови можности за напредок на поле кариера, а ќе имате и позитивни промени на љубовен план.
Сепак, бидете внимателни на сопственото его и не се обидувајте сè да решите сами. Не е лошо одвреме-навреме да им дозволите на другите да ви помогнат.
Вие најсилно ќе го почувствувате влијанието на ретроградниот Меркур, па затоа добро е да бидете подготвени за одложувања и недоразбирања, особено на работното место.
Сепак, благодарение на неверојатната способност добро да ги анализирате и испланирате работите, ќе успеете да извлечете напредок на поле кариера и на љубовен план. Ќе мора да научите дека трпеливоста секогаш се исплати и дека некогаш е подобро да почекате за некои работи, отколку да се избрзувате.
Позитивната енергија на Јупитер ви носи можности за поголема финансиска стабилност и за личен напредок до крајот на годината. Но, лошо поставениот Марс ќе ве стави на тест во однос на комуникацијата, особено со блиските пријатели и партнерот.
Бидете подготвени добро да ги објасните сопствените чувства, избегнувајте недоразбирања и секогаш залагајте се за себе и за сопствените потреби.
Страсните скорпии може да очекуваат да ги води силното чувство на љубов до крајот на годината. Можни се сериозни промени на љубовен план, или ако сте подолго време во врска, сериозни пресвртници.
Ако сте сингл, можно е да запознаете некоја личност што брзо ќе ве освои. Но, бидете внимателни за нејзините намери пред да се впуштите во врска, затоа што тоа може да биде личност што сериозно ќе ве повреди.
Стрелците ќе ја запомнат 2024-та година како период во кој имале можност да уживаат во голем број авантури, на љубовен и на професионален план. До крајот на годината, тие ќе го чувствуваат позитивното влијание на Јупитер, кое ќе им донесе уште поголеми можности за раст.
Очекувајте голем број позитивни изненадувања, што ќе ве научат да верувате дека и невозможното може да стане возможно и дека понекогаш животот е полн со изненадувања.
До крајот на годината ќе чувствувате силна потреба подобро да си го организирате животот. Позитивното влијание на Јупитер ќе ви донесе позитивни промени на поле кариера, но заради негативното влијание на Меркур, вашите способности за комуникација ќе бидат ставени на тест. Особено ќе треба да бидете потрпеливи во работењето со колегите и со другите луѓе.
Неопходно ќе биде да останете фокусирани и дисциплинирани за да можете да успеете да си ги остварите плановите.
Крајот на 2024-та ќе ви донесе неочекувани промени, особено на план на врските и односите со блиските. Ќе треба да се соочите со проблемите што долго време сте ги ставале под тепих.
Инаку, на поле кариера може да очекувате голем број нови креативни идеи и ова ќе биде одличен период да ги реализирате проектите за кои сте размислувале подолго време.
До крајот на годината вашата чувствителност ќе биде уште поизразена. Ќе барате нови начини за духовен раст, но негативното влијание на Меркур може да предизвика проблеми со комуникацијата со блиските и саканите.
Особено ќе треба да бидете внимателни кога носите важни одлуки, а ќе сфатите дека понекогаш интуицијата ви е најсилен сојузник.