Некогаш Џеф Безос, шефот на најолемиот светски интернет трговец Амазон и Бил Гејтс шефот на Мајскрософт без најбогати во светот. Но, се разведоа по децении брак и работите тргнаа надолу, а пари имаат се помалку, иако се уште ги имаат премногу во однос на другите во светот.
Сопругата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Безос, му ја препушти компанијата , а ги задржа половината од парите , односно 36 милијарди долари. Мекензи на поранешниот сопруг му преотстапи 75 проценти од нивниот заеднички удел во Амазон и сите гласачки права. Таа се се откаже и од своите интереси во весникот „Вашингтон Пост“ и ракетната комопанија Блу Ориџин.
Иако Бил Гејтс се уште е богат и има 107 милијарди долари, неговото богатство паднало за 4 милијарди долари, а главна причина е разводот од сопругата Мелинда Френч Гејтс на која и платил 12,5 милијарди долари.
Речиси дваесет години Бил Гејт беше или најбогат или втор најбогат човек на годишната листа на 400 најбогати Американци на Форбс.
Тоа веќе не е така. Иако Гејтс и понатаму е неверојатно богат, има 107 милијарди долари, тој е само на 9-то место на овогодинешната листа на Форбс, додека минатата година беше шести.
Во меѓувреме, неговото богатство падна за четири милијарди долари, а меѓу светските милијардери сега е на 12-то место - првпат да не е меѓу 10-те најбогати луѓе во светот од 1991 година.
Една голема причина за овој пад е неговиот развод со Мелинда Френч Гејтс, со која беше во брак 27 години.
Кога Мелинда во мај оваа година објави дека има намера да се повлече од функцијата претседател на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, спомена и дека ќе добие дополнителни 12,5 милијарди долари за нејзината добротворна работа, пренесува Форбс.
Таа не кажа од каде се парите и кога ќе ги добие, но овој магазин дознава дека средствата не се дел од парите на фондацијата, туку ѝ ги префрлил Бил.
Истиот извор го зголеми проценетото богатство на Мелинино на 29 милијарди долари, додека пред една година беше околу 10,3 милијарди долари. Ова ја прави деветта најбогата Американка.
Инаку, Бил и Мелинда Гејтс во мај 2021 година објавија дека се разведуваат по 27 години брак, објаснувајќи дека „веќе не веруваат дека можат да растат заедно како пар“.
„По долго размислување и работа на нашата врска, решивме да ставиме крај на нашиот брак“, порачаа тие во заедничката порака на Твитер.
Тие се запознале во текот на осумдесеттите години на минатиот век кога Мелинда почнала да работи во Мајкрософт.
Во нивниот 27-годишен брак тие добија три деца.