Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес не можеше да потврди дека полицајците одговориле на адресата на куќата на Шварценегер, но изјави дека бил пријавен сомнителен пакет на истата улица во елитната населба Брентвуд, каде што живее популарниот филмски Конан, или Терминатор.
- Утврдено е дека нема докази за експлозивни направи - изјави полицаецот Кевин Терзес за одговорот на полицијата. TMZ прв го пријави инцидентот, карактеризирајќи го како „swatting“, практика во која сторителите користат лажни изговори за да предизвикаат итен полициски одговор против жртвата.
Терзес не можеше да даде информации за лицето кое го упатило повикот. Портпаролот на Арнолд Шварценегер одби да коментира.
Шварценегер во моментот на инцидентот бил во теретана, според извор близок до ситуацијата, кој не бил овластен да зборува јавно.
Инаку, Арнолд Шварценегер е долгогодишен жител на Брентвуд и се најде на насловните страници минатата година кога лично реши да поправи некои дупки во соседството - потег што градот не го одобри.