Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Ортопедот од Загреб откри детали за состојбата на Лепа Брена

11 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Веста дека Лепа Брена ја скршила ногата на концерт во Загреб  вчера беше топ вест во медиумите од Балканот.

 Сите беа загрижени за нејзината здравствена состојба. Брена итно беше оперирана, а закрепнувањето ќе трае неколку месеци, поради тоа синоќа веднаш тимот на пејачката одлучи да  ги одложила двата концерта во Загреб.

За повредата на Лепа Брена се огласи и ортопедот Младен Мишкулин.

- Со вакви повреди опоравувањето трае од два и пол до три месеци. Станува збор за повреда која е бара долг процес на рехабилитација, посебно некој што има сценски настап каков што има Лепа Брен - изјави за хрватска РТЛ ортопед од Загреб.

Инаку, деталите од кобниот концерт ги откри Сенида, која таа вечер беше гостин.

- Таа повеќе се грижеше за тоа момче отколку за себе. И жената пушти солза, се грижеше за него, како не можеш да ми кажеш дали е ок или не. Колку ќе биде лесно за себе, повеќе се грижи за него отколку за себе. Верувам дека денес би го направила концертот кога би можела, дури и со вакви конци на ногата би го направила - вели Сенида.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ