Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Дензел Вашингтон се крстеше на 70 години и доби лиценца за свештеник

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

"За една недела ќе наполнам 70 години. Ми требаше уште малку, но тука сум. Ако Бог може да го направи тоа за мене, нема ништо што не може да го направи за вас. Само небото е граница", рече актерот, објави списанието Variety.

На крштевката присуствувала и неговата сопруга Полета, која истакна колку е горда на својот сопруг.

Во ноемвриското издание на Esquire, Вашингтон рече дека не е толку модерно да се биде религиозен во Холивуд.

„Тоа не е кул. Но, не значи дека луѓето во Холивуд не се верници“, додаде тој.

Вашингтон рече дека сега знае „дека Бог е љубов, единствениот и вистинскиот пат“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ