Познатата водителка Опра Винфри неодамна беше фотографирана во сосема обична прошетка, а нејзината фигура го привлече вниманието на јавноста.
Во текот на својата долга кариера, познатата американска водителка беше под будното око на јавноста и често истакнуваше дека секогаш имала проблеми со вишокот килограми. Иако пробуваше различни диети, кои даваа резултати некое време, килограмите се вратија не многу подоцна.
И тогаш таа одлучи да пресече.
Денес изгледа сосема поинаку. Таа ослабе многу и целосно го трансформираше своето тело. Освен што ја намалила исхраната, познатата водителка прибегнала и кон лекови за слабеење.
Минатата година Опра Винфри призна дека го пие познатиот „Ozempic“, лек за дијабетес популаризиран во светот на Холивуд.
Јавноста тогаш беше шокирана од нејзиното признание, бидејќи претходно тврдеше дека не користи лекови кои „магично“ ќе и го отстранат вишокот килограми, туку дека ја подобрила исхраната.