Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Новата куќа на Џеј Ло и Бен Афлек чини 60 милиони долари и има 24 бањи (ФОТО)

3 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Џенифер Лопез и Бен Афлек купиле луксузна вила во Wallingford Estates во Беверли Хилс за која потрошиле 60 милиони долари, пренесува TMZ.

Куќата има 4273 квадратни метри со пет хектари градина. Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар.

Имотот има и гостински пентхаус од 456 метри квадратни, двособна куќа за обезбедувањето и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила.

Имотот првично бил продаден за 135 милиони долари пред пет години, но со текот на годините цената опаднала. Минатиот месец куќата повторно била ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеал да ја намали и таа цена.

Само една недела им требало да го склучат договорот за новиот дом и веќе почнале да се вселуваат. Куќата е снимена од воздух и пред неа се гледаат многу нивни работи, како фотелји, каучи, теписи и друг мебел што се преместува од нивната претходна куќа во новата. На имотот е снимена и Џеј Ло.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ