Џет сет брачниот пар Дејвид и Викторија Бекам го сметаат Мајами за свој втор дом повеќе од една деценија откако се преселиле од Велика Британија.
Англиската фудбалска легенда, стана косопственик на МЛС тимот Интер Мајами во 2014 година.
Пред овој имот, парот поседуваше стан вреден 24 милиони долари во зградата на „One Hundred Museum Building“, ремек дело на познатата архитектка Заха Хадид.
Покрај Мајами, нивната богата колекција на имот вклучува домови во Лондон, Дубаи, англиските села и други светски метрополи. Нивниот нов имот се простира на 1.430 метри квадратни и вклучува девет спални соби, девет бањи и четири тоалети.
Дизајнот на куќата го потпишува архитектонското биро Choeff Levy Fischman, специјализирано за луксузни градби на вода, додека за реализација на проектот бил задолжен познатиот градител Барт Рајнес.
Куќата последен пат беше продадена во 2018 година за 10 милиони долари на инвеститорот Никлас де ла Моте.