Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Деми Мур (61) позираше во бело бикини

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Деми Мур присуствуваше на прославата на 33-тиот роденден на нејзината ќерка Скаут Вилис. Со фотографиите од прославата се пофали сестрата на славеничката, Румер Вилис.

На фотографиите се гледа како друштвото ужива додека се бања.

На една од фотографиите е Деми Мур во бел костим за капење. За рацете ја држи нејзината внука Луета, ќерката на Румер Вилис и Дерек Томас. На социјалната мрежа Инстаграм, веднаш пристигнаа пофалби за изгледот на актерката.

„Како може некој да има баба како Деми Мур? Јас би умрела“, „Прекрасни сте, но отсекогаш сум ја обожавала вашата мајка“, „Многу те почитувам, Деми“, „Сите зборуваат за пластичните операци што си ги правела, а ти овде покажуваш како навистина изгледаш“, беа дел од коментарите.

Претходно актерката беше остро критикувана поради нејзините разголени изданија

Актерката Деми Мур неодамна наиде на критики поради објавената фотографија на која таа има деколте до папокот. „Баба која се обидува да изгледа како девојче со помош на пластична хирургија“, „Изгледаш старо“, „Овој изглед не ти одговара на годините. Треба да ја скратиш косата, да ги покриеш градите...“, беа некои од коментарите.

Деми јавно ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка: „На мојот сладок ангел... Најсреќен роденден! Голема чест ми е што сум ти мајка и многу сум благодарна што го делам со тебе ова животно патување! Најдоброто допрва доаѓа и многу сум возбудена што ќе ја видам магијата што следува! Те сакам...“ – напишала Деми.

Деми Мур ги доби ќерките Скаут, Талула и Румер во бракот со поранешниот сопруг Брус Вилис.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ