Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во близина на брегот на Манила, истекува мазут од потонат танкер

27 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нуркачите кои го прегледале трупот на бродот забележале „минимално истекување“ на вентилите, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека ситуацијата засега „не е алармантна“.

Крајбрежната стража претходно наведе дека ќе се обиде да избегне „еколошка катастрофа“ со што побрзо преземање на мазутот што го превезуваше танкерот потонат на длабочина од околу 34 метри и недалеку од брегот на Манила.

Според властите, преземањето на мазутот од бродот би можело да трае седум дена.

Танкерот „MT Тера Нова“ под филипинско знаме потона во четвртокот наутро поради невреме. Еден член од екипажот на бродот загина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ