Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

19 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ