Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Трамп шокира: „Ќе избие Трета светска војна“ ако не станам претседател

27 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори во САД и поранешен американски претседател Доналд Трамп за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека доколку не победи на изборите во ноември, ќе има голем конфликт на Блискиот Исток.

Тој дури и нагласил дека потенцијално би можела да избие Трета светска војна ако не стане претседател .

Трамп се сретна со Нетанјаху во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, еден ден по средбата на израелскиот премиер со американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис, пишува денеска порталот Хил.

-Ако победиме, ќе биде многу едноставно. Се ќе се реши и тоа многу брзо, изјавил Трамп на почетокот на средбата со Нетанјаху.

Тој потоа изјавил дека во спротивно ќе има голем конфликт на Блискиот исток, а можеби и трета светска војна. Во моментов, вие сте поблиску до Трета светска војна отколку кога било од крајот на Втората светска војна, а тоа е затоа што нашата земја ја водат некомпетентни луѓе, рекол Трамп.

Тој претходно изјави дека светот е на работ на нов конфликт поради борбите на Блискиот Исток меѓу Хамас и Израел, како и рускиот напад врз Украина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ