Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Руте: Испраќање трупи од Северна Кореја во Украина би ја ескалирало војната

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Руте, кој ја презеде функцијата во НАТО претходно овој месец, напиша на платформата Х дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол за блиското партнерство на алијансата со Сеул, фокусирајќи се на соработката во одбранбената индустрија и меѓусебната безбедност на евроатлантскиот и од индо-пацифичкиот регион, објави Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Северна Кореја се подготвува да испрати 10.000 војници за да им помогне на воените напори на Москва и дека некои севернокорејски офицери веќе се распоредени на украинска територија контролирана од руските сили.

Руте и Пентагон минатата недела објавија дека допрва треба да најдат докази за воено присуство на Северна Кореја на теренот во Украина.

Западот долго време ја обвинува Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје.

Русија и Северна Кореја негираат дека се вмешани во трансфер на оружје, а Кремљ исто така ги отфрли тврдењата на официјален Сеул дека Северна Кореја можеби испратила дел од својот воен персонал да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ