Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Руски напади во Украина: Загинаа пет цивили, меѓу кои и дете

22 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во Суми, удар со дронови оштети згради во градот кој пред руската инвазија имаше над 250.000 жители, соопшти регионалната администрација.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку Телеграм изјави дека само меѓународното единство може да помогне за победа над „овој руски терор“. Тој повторно ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана и да дозволат удари врз воени цели на територијата на Русија.

Руската армија ја зголеми својата активност во Сумската област како одговор на украинската офанзива која започна во август во Курската област на Русија.

Во утринскиот напад се погодени станбени згради и клучна инфраструктура, а над областа се соборени 25 руски дронови.

Во Доњецката област, руската бомбардирања вчера убија двајца и повредија еден човек./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ