Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

По дојавата за бомба и евакуацијата, вечерва е отворен аеродромот во Франција

26 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На веб-страницата на аеродромот се наведува дека летовите постепено се обновуваат и дека од патниците се бара да ја контактираат својата авиокомпанија за информации за распоредот на летовите, пренесува Ројтерс.

Ер Франс претходно изјави за Ројтерс дека нивниот лет за Париз бил запрен на аеродромот во близина на градот Базел-Мулхаус-Фрајбург поради предупредување за бомба.

Аеродромот претходно соопшти дека терминалот морало да биде евакуиран и затворен денеска поради безбедносни причини. Француската полиција исто така соопшти дека аеродромот е евакуиран и затворен поради закана за бомба.

Ова е втор пат годинава аеродромот, познат и како EuroAirport, да биде евакуиран поради лажна тревога: последен пат аеродромот беше затворен на 15 март 2024 година. Во октомври минатата година аеродромот, кој се наоѓа на 20 километри југоисточно од францускиот град Мулхаус и 3,5 километри северозападно од Базел, во Швајцарија, двапати во ист ден беше евакуиран поради анонимни закани.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ