Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Објавена е забранетата снимка од резиденцијата на Нетанјаху, што беше цел на напад со дрон

22 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Воената служба за надзор на информации од јавен карактер денеска ги овласти израелските медиуми да објават фотографија од штетата на вилата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја од беспилотно летало што Хезболах го лансирал во саботата од Либан.

Фотографијата, која претходно беше забранета за објавување од страна на воените цензури, го покажува целосниот обем на штетата предизвикана од дронот на станбена зграда во Цезареја, пишува The Times of Israel.

Од експлозијата пукнало стаклото во прозорецот од спалната соба, но дронот не го пробил стаклото и не влетал во куќата, очигледно поради армираните прозорци и други заштити.

Немало повредени, а Нетанјаху и неговата сопруга во тој момент не биле дома.

Во таа прилика, израелскиот премиер изјави дека „агентите на Иран“ кои се обиделе да го убијат него и неговата сопруга „направиле голема грешка“ и додаде дека овој напад нема да го спречи да ја продолжи војната и дека секој што ќе им наштети на Израелците, ќе плати висока цена.

Претходно денеска, портпаролот на Хезболах објави дека милитантната група презема целосна и ексклузивна одговорност за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ