Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ким: Русија има право на самоодбрана

30 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според Ким, Украина поради САД и западните земји „ја нападна руската територија со нивно оружје со долг дострел“ па затоа Русија мора нешто да преземе за „непријателските сили да ја платат цената“.

Лидерот на Северна Кореја најави продлабочување на соработката со Русија во сите сфери, вклучително и воената, во согласност со Договорот за стратешко партнерство.

Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) не наведува дали Ким и Белоусов разговарале за севернокорејските трупи кои се борат на страната на Русија во војната против Украина. Според тврдењата на Пентагон и Украина, за Русија се борат околу 11.0000 севернокорејски војници. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ