Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Харис, Бајден и Трамп заедно на одбележување на годишнината на терористичкиот напад (ВИДЕО)

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Камала Харис и Доналд Трамп денеска повторно се ракуваа, неполни 24 часа откако синоќа во Филаделфија учествуваа на првата предизборна дебата.

Стејт департментот објави дека Америка денеска им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад, како и на оние кои ги ризикувале своите животи за да спасат други. Во соопштението се наведува дека земјата денеска се сеќава и на загинатите војници во Бенгази, Либија, во 2012 година.

„Оваа издржливост ја движи нашата тековна борба против тероризмот. Во годините по 11 септември, САД останаа решителни во одбраната на татковината, заштитата на нашиот народ и поддршката на нашите сојузници во оваа критична мисија“, соопшти Стејт департментот.

Трамп присуствуваше на церемонијата во Њујорк заедно со неговиот потпретседателски кандидат Џеј-Ди Венс.

„Беше многу, многу тажен, ужасен ден. Никогаш немало такво нешто“, изјави тој за Fox News.

На комеморацијата присуствуваше и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг.

Во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година се случија терористички напади на исламските екстремисти кои го шокираа светот со нивните димензии и деструктивност.

Речиси 3.000 луѓе ги загубија животите во терористичките напади што се случија во тоа време, најразорните што ги знае историјата, организирани од екстремната исламистичка група Ал Каеда на Осама бин Ладен.

На тој ден, вторник, 11 септември 2001 година, два патнички авиони, во рок од 16 минути, удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на тој град.

Претходно истото утро, членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, комерцијални авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со несомнена идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ